Силната бура во Велика Британија пропратена со силни ветрови, дожд и снег во одредени делови на државата предизвика големи материјални штети а зема и човечки животи. Во ова невреме имаше жртви во местото Антрим, каде од паѓање на дрво врз автомобилот, загинал директор на тамошно училиште. Од истите причини во петокот вечерта од паднато дрво, полицијата во Кумрија соопштила дека загинал маж од Ланкастер.

Снимка од невремето може да се види на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=GPUN-4fVPH8&t=104s