Брзите и агресивни пожари ја разгоруваат Калифорнија!   

16 Активни пожари ја запалија Калифорнија!

Моментално 16 активни, високоризични пожари демнеат низ Калифорнија. Во огнените стихии животот го загубија најмалку 8 лица, а уништени се повеќе од 1000 домови низ земјата. Илјадници пожарникари на теренот се борат со пламените јазици, а состојбата ја влошуваат високите температури, како и присуството на ветрови.

Најголемиот шумски пожар во државата изгоре повеќе од 110 хектари шума, а за прв пат, по дури 20 години  официјалните претставници на националниот парк Јосемит (Yosemite National Park) го затворија за време на врвната туристичка сезона.

Голем дел од пожарите се во непристапни планиски терени што уште повеќе ја влошува состојбата и ја отежнува работата на пожарникарите.

Се најавува дека ова е само почеток на пожарите во Калифорнија, сезоната допрва доаѓа, а месец октомври се смета за најризичен. Изминатава 2017 година, од пожарите во овие области загинаа 44 лица.