Под мотото “ОВА НЕ Е ПАРКИНГ”, како што објави битолскиот портал “Бабам Битола”, градот во петокот се разбудил со жолти балони кои беа порака за заштита на безбедноста на граѓаните од сите несовесни возачи.

Граѓаните секојдневно се соочуваат со проблеми кои го ограничуваат нивното движење и ја загрозуваат нивната безбедност.

Иако Битола не е голем град паркирањето на јавните површини и тротоари зема се поголем замав и на одредени локации низ Битола. Практично е невозможно безбедно движење на пешаците.

Во изминатите неколку години поради трендот на узурпацијата на тротоарите предизвикани се повеќе несреќи, а постарите граѓани, инвалидизираните лица, велосипедистите и децата се почесто се обесхрабрени да се движат на одредени локации низ Битола.

И навистина драги битолчани, секое место не е за паркирање посебно зелените и тревни површини кои во мал дел едвај опстојуваат во нашиот град. Поздрав и до институциите и да се надеваме дака овој проблем конечно во брзо време ќе има негово решение.

Извор: https://www.babambitola.mk/bitola-denes-se-razbudi-so-zolti-baloni/?fbclid=IwAR3xRsXhYnxUebAQkMgamoD7U7UKq3wtfj_7AKNmitzn_dz1XGXa0kGadeE