Еколошка свест и култура на живеење на нула

Еден од садовите за отпадни батерии и акумулатори кои ги донира”Нула Отпад”, доби и уште една дополнителна намена – Резервација за паркинг место во Центарот на Скопје, пред Културно информативниот центар – КИЦ, наспрти ГТЦ.

Оваа фотографијата направена од наш сограѓанин, е само како доказ за нивото на еколошката свест кај дел од нашите сограѓани.
За да се добие одговор за состојбите со животната средина, треба секој да тргне од себе си, за потоа, да можеме да ги вреднуваме и оценуваме и општествените состојби и да придинесеме за подобар квалитет на живеење.