Бесплатно возење со автобус во замена за пластични шишиња: Индонезија се бори против пластичното загадување!

Најгорливиот проблем на Индонезија, пластичното загадување, ќе го предизвика градот Сурабаја, вториот по големина град во Индонезија, да излезе со нов пристап  и да ги охрабри жителите да рециклираат – бесплатни автобуски билети во замена за користени пластични шишиња и чаши.

Иницијативата е иницирана уште во април, а сега патниците конечно ќе можат да се прошетаат со градските автобуси и тоа купувајќи билет директно со доставување на искористени пластични шишиња и чаши на автобуските терминали.

Двочасовниот автобуски билет чини околу пет пластични шишиња или 10 пластични чаши, во зависност од големината. Градот се надева дека оваа шема ќе помогне во исполнувањето на својата цел, ослободување од пластичен отпад  до 2020 година.

Граѓаните се задоволни од ваквата иницијатива на градот и евидентно е нејзиното прифаќање: “Ѓубрето, како пластични шишиња, се собира во моето соседство, па затоа го донесов тука, така што околината не е само почиста, туку и помага да се олесни обемот на работата на собирачите на ѓубрето”, изјави  Линда Рахмават, жител на Сурабаја.

Според Ројтерс, Сурабаја е првиот индонезиски град кој ја спроведува оваа програма, а податоците покажуваат дека 15 % (речиси 400 тони) од секојдневниот отпад во градот е пластика. Податоците исто така покажуваат дека на овој начин дневно со еден автобус може да се собере до 550 килограми пластика или  вкупно околу 7,5 месечно. Парите собрани од продажбата на пластиката за рециклирање ќе се употребат за  финансирање на урбани зелени површини.

Градот Сурабаја во надеж дека новиот систем ќе ја подигне јавната свест за животната средина и за загадувањето.