“Знаете, меѓу нас луѓето се мисли дека ние сме го измислиле календарот, но јас Ви тврдам дека не е точно. Календарот го измислила природата, а ние сме го препишале.  Денес е 21 март, првиот пролетен ден, а како дознав без да го погледнам календарот,…” Ова се само еден мал дел од напишаните зборови од најмладите кога пред  десетина години ги искажуваа своите чувства и сознанија за пролетта и екологијата. Но тоа беа други времиња кога се бележеше 21 март – денот на пролетта ден на екологијата. Време кога се организираа голем број на еколошки акции во училиштата, државните институции и локалната самоуправа, армијата и бизнис секторот. Доминираа активности од засадување на дрвца, расчистување на диви депонии, ликовни и литературни настани и уште многу други еколошки содржини.

Денес, 21 март 2020 година го живееме периодот кога ги гледаме последиците на човековиот неразумен и нерационален однос кон природата. Време на интензивни климатски промени, желба за воспоставување на одржлив развој, битка за зелени површини, чист воздух и чиста вода за пиење. Време кога со светот за само неколку недели завладеа пандемијата предизвикна од корона вирусот КОВИД-19. Бројот на заболени и починати од овој вирус го започна и процесот на  освстувањето, дека како човечки род сме ја претерале со деструктивниот однос кон прирoдата. Но природата секогаш опоменува. За овој 21 март и Ден на пролетта и ден на екологијата, само за кратко погледнете го овој видео запис кој деновиве интензивно се врти и се споделува по социјалните мрежи.