Почетна ЕКО Инциденти „Белите дробови на планетата“ горат! Уништувањето може да се види од вселената!

„Белите дробови на планетата“ горат! Уништувањето може да се види од вселената!

0
103

Додека илјадници огнени пеколни јазици се шират низ дождовните шуми во Амазон, тропската вегетација, дрвјата и фауната во која се наоѓаат со голема брзина се разоруваат. Од 15 август, забележани се повеќе од 9.500 нови шумски пожари кои започнале да се шират низ целиот Бразил, пред се во сливот на Амазон.

Оваа година досега, научниците регистрирале повеќе од 74.000 пожари во Бразил. Тоа е речиси двојно повеќе од 2018 година кога за истиот период биле евидентирани околу 40 000 пожари. Порастот на пожари бележи 83 % во однос на пожарите во истиот период од 2018 година, објави бразилскиот Национален институт за истражување на вселената. Најголемата држава во Бразил, Амазон, во понеделникот прогласи вонредна состојба.

Веќе во 2019 година има најголем број пожари забележани во една година откако истражувачите започнаа да ја следат состојбата од 2013 година, а остануваат уште четири месеци до крајот на годината.

Како најголема светска дождовна шума во светот, Амазон игра клучна улога во контролирањето на нивото на јаглерод-диоксид на нашата планета. Растенијата и дрвјата земаат јаглерод-диоксид и ослободуваат кислород назад во воздухот во процесот на фотосинтеза.

Ова е причината зошто Амазон, кој опфаќа 2,1 милиони квадратни милји, честопати се нарекува „белите дробови на планетата“. Шумата произведува 20 % од кислородот во атмосферата на нашата планета.

Обично, амазонската сува сезона трае од јули до октомври. Влажното време во текот на остатокот од годината го минимизира ризикот од пожари во другите месеци.

Но, за време на сувата сезона, пожарите можат да бидат предизвикани од природни извори, како удари на гром. Земјоделците и дрварите исто така намерно ја палат дождовната шума за да ги исчистат просторот на Амазон за индустриска или земјоделска употреба.

Пожарите што беснеат во Амазон сега имаат широко распространети ефекти врз остатокот од Бразил. Чадот од пожарите се шири од сојузната држава Амазон до соседните држави Пари и Мато Гросо, па дури го затемни и сонцето над Сао Паоло, град кој е оддалечен повеќе од 2.000 милји (3.200 километри).

Извор:

https://www.sciencealert.com/the-amazon-is-burning-at-a-record-rate-and-parts-were-intentionally-set-alight