Скандинавските земји сегогаш ги ставаме меѓу најразвиените земји каде социјалните стандарди се на највиско ниво, земји каде важат високи еколошки стандарди, земји на снегот и зимските спортови, но се издвојуваат и по една друга карактеристика, а тоа е дека, скандинавците многу често своите мали дечиња (бебиња) ги оставаат во детски колички да спијат на отворено.

Оваа идеја за „спиење на ладно“ потекнува од Финска од почетокот на 20 век, кога стапката на смртност кај бебињата била многу висока. Арво Илпо, педијатар, укажал на тоа дека децата не треба да поминуваат многу време во мали, затворени и лошо проветрени простории бидејќи затоа се повеќе склони на вируси и бактерии. Верувал дека децата уште од најраните денови од животот треба да се зајакнат за да ја издржат суровата финска клима.

Навиката на родителите своите бебиња да ги оставаат да спијат на отворено (тераси, пред продавници, ресторани, игралишта,…) многу е честа, а некогаш е и на – 30°C. За оваквите потреби на родителите додека се во ресторани, на пазарење, на кафе има поставено и посебни зони само за детски колички, а оваа пракса се применува и во градинките.

Скандинавските педијатри и експерти истакнуваат неколку предности од спиењето на свеж и леден воздух, а како посебни ги издвојуваат: подолг и подобар сон, создавање на подобар имунитет, а се со цел вложување во здрави генерации.