Првата компанија во светот за рециклирање на остатоци од кафе, Bio – Bean преку видео за Fortune Magazine го презентираше новото биогориво кое се добива од остатоци на кафе, а кое ќе се користи како гориво за автобусите во Лондон.

Оваа компанија го собира отпадот од кафе од кафетериите, рестораните и од фабриките за кафе, го суши и го извлекува маслото од него, кое е основа за производство на ова еколошко гориво.

Со комбинацијата од масло и дизел гориво го создава новото Б20 гориво, односно гориво што се добива со мешање со класичниот нафтен дизел.

Моментално тие имаат произведено 6000 литри од ова масло, што е доволно за движење на еден автобус за цела година.

Но, биогоривото не е единственото на што оваа компанија работи, тие исто така од остатоците од кафе произведуваат и еколошки материјали (слични на пелетите кај нас) за затоплување на домовите, како алтернатива на огревното дрво.