Авантурата на Natural Habitat Adventures – Туризам со нула отпад!

”Natural Habitat Adventures” во улога на заштитник на планетата го предводи пакетот- Туристичко патување и одмор со нула отпад.

Авантурата на ”Natural Habitat Adventures” ќе се одржи во летото 2019 година, кога 14 патници ќе го посетат Националниот парк Јелоустоун во период од 6 до 12 јули. Патувањето во Јелоустон има за цел да ја промовира туристичката индустрија за одржливи патувања вклучувајќи: рециклирање, компостирање и повторна употреба на дури 99 проценти од целокупниот отпад произведен на самото патување.

Основачот и претседателот  на ”Natural Habitat Adventures”, Бен Бреслер, ќе изјави: “Еден од начините на кој сме посветени на заштитата на планетата е да ја инспирираме туристичката индустрија да стане поодржлива. Нашата цел е поставување  нов стандард за патување, патување без отпад, со цел да покажеме дека е можно да се намали штетното  влијание врз животната средина, а истовремено да се обезбеди исклучително искуство за нашите гости”.

Водачите на патувањето веќе осмислиле планови за ублажување на квантитетот на отпадот, вклучувајќи користење  предмети за повеќекратна употреба: шишиња за вода, чаши, прибор за јадење и слично, како и целосно елиминирање на таквите што се за еднократна употреба. Возилата, домовите и камповите низ Големиот Јелоустонски еко-систем ќе бидат снабдени со рефус храна којашто ќе се транспортира во садови за повеќекратна употреба. Салфеткитете и биоразградливата храна ќе бидат компостирани од тимот, додека  материјалите што треба да се рециклираат, ќе се собираат во еден контејнер, кој подоцна  ќе  биде испратен до TerraCycle, водечка компанија во светот специјализирана за рециклажа.

Со овој подвиг ”Natural Habitat Adventures”, се надева дека ќе ги инспирира и едуцира своите патници да направат позитивноо влијание надвор од патувањето и да им покажат на луѓето како да донесуваат свесни одлуки за справување со секојдневното производство на отпад, како на патувањата, така и дома и во канцеларија.