Данската полиција минатата недела уапсила 28 лица во Копенхаген за возење електрични тротинети (скутери), под влијание на дрога и алкохол.

Во текот на изминатиот викенд (6-7 јули), 24 луѓе биле фатени како возат пијани електрични тротинети, додека четворица беа затруени од рекреативни дроги. Властите во Копенхаген овие апсења ги објавија на Твитер.

Интоксираните возачи се одговорни и парично казнети со по 2.000 дански круни (300 долари).

Електричните тротинети забележаа голем бран на популарност во Копенхаген, бидејќи сообраќајните правила беа прилагодени за да бидат полесни за користење.

Тротинетите се изнајмуваат од одредено место и може да се паркираат насекаде во одредена зона.

Овој вид на транспорт добива нај различни критики, при што локалните жители се жалат на зголемување на повредите и непријатностите што наводно ги предизвикуваат.

Електричните тротинети, исто така, беа воведени во неколку градови низ Европа, како и во Сан Франциско, Мексико Сити и Њујорк.

Во јуни, градоначалникот на Париз, Ана Хидалго, објави остри мерки против електричните тротинети (скутери) по зголемувањето на повредите.

Таа рече дека ситуацијата е “недалеку од анархија”, а градот треба да спроведе “ред и правила за да се осигури безбедноста на патиштата”.

Останува да видиме како Македонија ќе се справи со напливот на се поприсутните електрични тротинети во сообраќајот.

Извор: https://www.bbc.com/news/world-europe-48916918