Антарктикот со огромни пукнатини!

Минатата година во јули, НАСА од вселената снимила огромна санта мраз со површина од околу 5.800 километри квадратни, која се одвоила од Антарктикот. Тоа сознание им овозможило на научниците можност да се запознаат со екосистем, кој опфаќа 6.000 метри квадратни, а сокриен е скоро 120.000 години.
Сантата А-68, со големина на островот Бали, која се одвоила од ледената плоча Ларсен Ц на Антарктикот, е една од најголемите забележани во историјата. По одвојувањето, плочата Ларсен Ц се намалила за околу 12 %.
На Антарктикот во моментот е лето, а сантата А-68 патува кон архипелагот Јужна Џорџија и Јужните Сандвички острови, во јужниот Атлантик. На својот пат овој А-68 полека се распаѓа и се формираат многу помали форми на снати.
Минатата година, на 12-ти ноември, членови на иницијативата на НАСА за снимање на 3D мапи на глечери, летале над А-68 со авион P-3, кој е опремен со најсофистицирани мерни инструменти и благодарение на поволните метеоролошки прилики, имале можност на направат многу јасни снимки.
“Неверојатно е чувството кога со свои очи ќе видите нешто што претходно сте го гледале само на фотографии. До денес глечерот Ларсен Ц го гледав само на сателитски снимки објавени во август 2016-тата година. Антарктикот тогаш привлекуваше внимание поради огромните пукнатини, а на крајот тоа се заврши со одвојување на огромен глечер”, напишала Кетрин Хансен.
“Повеќето глечери кои сум ги видела изгледаа релативно мали и компактни. Меѓутоа, тоа не важи и за овој. А-68 е толку голем што и натаму изгледа како да е дел од ледена плоча”, додала таа.
Благодарение на фотографиите и снимките направени со помош на гравиметар, кој ја мери количината на водата под глечерите, научниците имаат во голема мерка јасна претстава за клучните својства на А-68, кои ќе им помогнат да го следат неговото движење, како и процесите низ кои минува.