АНГЕЛОВ: Печката за согорување на медицински отпад Дрисла, дефинитивно не го загадува Градот Скопје

 

Во интервју за порталот ПРЕС 24, првиот човек на Дрисла, Горан Ангелов прецизно го објаснува принципот на кој работи печката за согорување на медицински отпад, а воедно и ги разјаснува сите дилеми околу пласираните информации во јавноста околу загадувањето на воздухот. Овие ставови се темелат на релевантните мерења кои се направени и се темелат од направени стручни анализи.

“Во измината година комплетно е променет системот за согорување на медицинскиот отпад и горивото кое се користеше, нафта, е сменето со пропан бутан, истовремено е зголемена моќноста на горилниците за три пати. Исто така се поставени водени филтри, филтри од активен јаглен и порозна бронза. Се мерат издувните гасови, а резултатите се достапни на веб страната на Дрисла и се во рамките на дозволените гранични вредности, кои се пропишани со македонското законодавство. Печката за согорување на медицински отпад, дефинитивно не го загадува Градот Скопје, ниту околните населени места, ако некој сака да ја префрли топката на туѓ терен, нека му служи на чест”  изјави Ангелов за ПРЕС24.

Истота така Ангелов истакнува дека: „Сто пати повторена лага станува вистина“. За жал некој сака да не прикаже како загадувачи на Градот Скопје и околината, ама вистината е сосема поинаква. Депонијата Дрисла е единствена депонија во Република Македонија, која ги исполнува македонските стандарди за работа и за тоа имаме добиена А интегрирана дозвола. Дали тие што не обвинуваат се запрашале што е со останатите депонии во Македонија, или баш никој не ги спомнува, како да не постојат, тоа зборува само по себе дека против нас се води специјална медиумска војна, веројатно заради бизнис интереси. Ние сме под постојан надзор на Државниот инспекорат за животна средина и ако има неправилностите истите ќе ги констатираат и санкционираат.