Мразот на Гренланд постојано се топи, а во последните четири месеци како резултат на рекордно високите температури, ледената покривка на Гренланд само во јули загубила 197 милијарди тони мраз. Како алармантен податок може да се земе состојбата на Гренланд за 01 август, кога само за еден ден 11 милијарди тони мраз се претвориле во вода која се излеала во океанот. Количината на вода што се одмрзнала во четвртокот може да наполни 4,4 милиони олимписки базени.

Научникот Рут Мотрам од данскиот метеоролошки институт за Си-Ен-Ен изјави дека очекуваниот просек во ова време од годината би изнесувал топење на 60-70 милијарди тони мраз.

Топлотниот бран што ја зафати Европа минатата недела стигна и на Арктикот и научниците велат дека може да предизвика едно од најголемите топења на мразот на Гренланд од 1950 година.

Извор:

https://www.novamakedonija.com.mk/svet/%D0%B7%D0%B0-%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BD-%D0%B4%D0%B5%D0%BD-%D0%BD%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%B4-%D1%81%D0%B5-%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BF%D0%B8%D0%BB%D0%B5-11-%D0%BC%D0%B8%D0%BB/

https://www.youtube.com/watch?time_continue=4&v=ENg9Hci9y3M