Во Велес денес едвај се дише. Нивото на загаденост на воздухот е алармантно, а загаденоста е опасна по здравјето за велешани.

Согласно мерењето на квалитетот на воздухот во Република Македонија од Министерството за животна средина и просторно планирање, часовните концентрации на ПМ 10 честичките во Велес во 15:00 часот изнесуваат 911,21 mg/m3 или над 18 пати повеќе од дозволеното.