Акција за чистење пропусти, корита и отворени канали на подрачјето на Крива Паланка

На подрачјето на Општина Крива Паланка  се спроведува акција за чистење на плочести и цевчести пропусти, отворени канали  и уредени регулациони корита на десетина локации во градското подрачје и приградските населби. За таа цел ангажирани се пет невработени лица за вршење на јавни работи.

 

Воглавном, се става акцент на  вадење на акумулираниот материјал  под  плочестите пропусти на магистралната улица  каде поминуваат поголемите долови како:  Куков дол, Трештен дол и Домачки дол. Се чисти и  отворениот канал покрај магистралната улица пред зградите на улица Херој Карпош и  отворениот канал од бензинската пумпа до влезот во населбата Бегови бавчи.

Со акцијата опфатено е и целосно чистење на уреденото регулационо корито на Белевски дол,  од браната  до вливот во Крива Река, како и чистење на  два цевчести пропусти под магистралната улица кај  сервисот на  Данче автолимар.

Извадено е над 50м3 акумулиран земјен материјал, кој со помош на јавното комунално претпријатие треба да биде транспортиран и дислоциран на соодветна локација.

Акцијата ќе продолжи и во наредниот период.