АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА СМЕТОТ ВО ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА

На почетокот од есента Општина Кисела Вода започна акција за расчистување на сметот во урбаните заедници Бирарија и Цветан Димов.

 

Имено, се работи на отстранување на сметот од јавните површини што се во надлежност на локалната самоуправа.

Се собира  кабастиот отпад и се поткаструваат гранките на дрвјата, за што во моментов се ангажирани 25 сезонски работници.