АКТЕРИ СО АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА КЛИНИЧКИ!

Денеска беше организирана акција за чистење на сметот од дворот на Клиничкиот центар во Скопје, од страна на група актери. Како што и самите изјавуваат, целта им била да повлијаат врз свеста пред се на несовесните граѓани, кои не водат сметка за хигиената на јавни места, а Клиничкиот центар е очигледен пример за тоа.

Неколку актери се одзваа на апелот упатен од страна на актерката Сања Арсовска од Драмскиот театар и порачаа дека, не мора да си актер за да се приклучиш во оваа група и да се потрудиш барем малку да се погрижиш за животната средина.

Актерите со најава дека, вакви и слични еколошки акции ќе бидат организирани во текот на целиот летен период и тоа  не само овде, туки и на други критични и засегнати локации.

Да се надеваме, еколошки подвиг што се случуваше денас во дворот на Клиничкиот центар во Скопје ќе стане поттик на сите нас да го искористиме слободното време и да поработиме на зачувување и разубавување на животната средина.