Навлегуваме во длабока есен која покрај есенската колоритост ни го најувува  и зимскиот период и очекуваните зимски бели идила. Но, овој период од годината е пропратен и со пониски температури, кои се поврзани и со интезивирање на процесот на греење кој директно влијае и на состојбите со аерозагадувањето.

Доколку во континуитет се следи состојбата со аерозагадувањето во Република Македонија преку податоците добиени од автоматскиот мониторинг на амбиентниот воздух со кој управува Министерството за животна средина и просторно планирање, деновиве се забележуваат и концентрации над максимално дозволените граници. Ова особено  се однесува на големите градски центри како Скопје, Куманово, Тетово, Битола, Велес и др.

Нова зима, нов предизвик!

Очекуваме сите документи и декларации кои беа потпишани за врема на предизборната кампања, а се однесуваат на подобрување на состојбата со животната средина и цврсти мерки и активности против аерозагадувањето да ги видиме на дела, а не само како мастило на хартија.

Ајде, Скопје дише!!!