Аерозагадувањето алармантно! –  Град Скопје дебатира 

Вчера, во организација на Град Скопје беше одржана трибина за аерозагадувањето. На трибината учество задоа претставници од научната фела, кои ги презентираа анализите од спроведената студија за аерозагадувањето.

Како што информираат  стручњаците, спроведената анализа  и студијата на  Академијата за науките и уметностите, укажуваат дека главниот виновник за енормното аерозагадување се помалите загадувачи, односно домаќинствата. Дури 90 % од ПМ честичките во воздухот се резултат од чадот од печките во домовите, а останатите 10% отпаѓаат на издувните гасови на автомобилите.

Загадувањето што го предизвикуваат фабриките, се става во втор план и допрва ќе биде предмет на истражување и понатамошни студии.

Решавањето на проблемот лежи во приклучување на домаќинствата на други извори на затоплување, како топлификацијата и субвенционирање на греење со пелети.

Исто така, беше укажано и дека не може на краток рок да се почувствуваат резултатите од спроведувањето на мерките против аерозагадувањето, процесот ќе потрае и најверојатно ќе треба да поминат најмалку седум години за да се почувствуваат конечните ефекти.

Аерозагадувањето е алармантно, а загризените граѓани за своето здравје и екологистите упорно реагираат и бараат од надлежните сериозно да се позанимаваат со горливиот проблем. Не е доволно само да се дебатира, туку  да се презентираат мерки и да се работи на нивно спроведување.

Мерните станици засега покажуваат мало намалување, што секако е резултат на моменталните временски услови.  Дали  на граѓаните не им преостанува ништо друго, освен да  чекаат да заврне дожд и да подувне ветер …?

И лекарите  согласни дека  загадувањето е алармантно и се повеќе ги полни амбулантите и болниците.

Неопходноста од преземање итни мерки, поткрепено со податоците од последниот извештај на Европската агенција за животна средина, во кој се наведува  дека Македонија со 3000 смртни случаи како последица на аерозагадувањето е на првото место во Европа.