Воздухот во Македонија е алармантно загаден. На тоа укажуваат мерните станици кои речиси секојдневно регистрираат загадување кое е повеќекратно над дозволеното. 

Поради нарушениот квалитет на амбиентниот воздух и надминување на граничните вредности на (РМ10) и (PM 2,5) честичките, што е резултат на загадувањето на воздухот во зимски услови, лекарите и надлежните институции препорачуваат граѓаните да го сведат своето движење на отворен простор само на неопходни излегувања, да не се проветрува, да не ги користат своите автомобили без поголема потреба и да ги користат средствата за јавен превоз и др.

Освен горенаведените препораки, ние препорачуваме и носење на заштитна маска против загадениот воздух и смог.

Но, каква маска треба да одберете за да се заштитите од загадениот воздух?

Маските треба да се сертифицирани за користење во услови на висока загаденост на воздухот. Ваквите маски мора да носат една од следните ознаки:

N95Маски кои филтрираат до 95% од честичките во воздухот. Не се отпорни на нафтени гасови.

N99Маски кои филтрираат до 99% од честичките во воздухот. Не се отпорни на нафтени гасови.

N100— Маски кои филтрираат до 99.97% од честичките во воздухот. Не се отпорни на нафтени гасови.

R95Маски кои филтрираат до 95% од честичките во воздухот. Делумно отпорни на нафтени гасови.

P95Маски кои филтрираат до 95% од честичките во воздухот. Отпорни на нафтени гасови.

P99Маски кои филтрираат до 99% од честичките во воздухот. Отпорни на нафтени гасови.

P100Маски кои филтрираат до 99.97% од честичките во воздухот. Отпорни на нафтени гасови.

Следното видео ви прикажуваме дел од маските кои штитат од аерозагадување.