Светската здравствена организација СЗО во 1948 година на своето Прво Собрание одлучи 7 април да се одбележува како Светски ден на здравјето, а започнувајќи од 1950 година се одбележува секоја година.
Бележејќи го јубилејот оваа година, 70 години од основањето, СЗО издаде и јубилејни поштенски марки. Во 2018 година, СЗО Светскиот ден на здравјето го посветува на универзална здравствена покриеност, Здравје за сите – Health For All!
Денес, најмалку половина од луѓето во светот живееат во услови без да имаат можност да ги добијат основните здравствени услуги. Многу домаќинства се втурнати во сиромаштија и се принудени да плаќаат за здравствените услуги од сопствените џебови. Оваа група на населението сериозно ја поткопува и способноста на земјата успешно да се развива на социјален и економски план.
Затоа, земјите-членки на Обединетите Нации имаат ветено дека до 2030 година ќе обезбедат универзално здравствено осигурување за сите луѓе, како дел од Целите на Одржливиот развој – (SDG 3.8). Ова значи дека на сите луѓе ќе им се обезбеди пристап до здравствените услуги што им се потребни.