Да и погледнеме во очи на нашата реалност

 

Во време кога светот не оди, туку трча кон своето подобро утре, ние тонеме, Тонеме се подлабоко во бездната наречена мизерија. Некултура, негрижа за ништо и никого, себичност, безобразие.

Ова што може да се види на сликите, се случува деновиве, во срцето на една од најубавите скопски населби – Капиштец. Не ни е целта да етикетираме поединци. Ова го надминува тој проблем. Прашањето е следно или би рекле прашањата:

  • Постојат ли навистина институции, како што не убедуваат?
  • Има ли вработени во тие институции?
  • Работат ли нешто тие што се таму вработени?
  • Зошто земаат плата?
  • Зошто држат прес конференции?
  • Зошто се залагаат за чиста околина и чиста човекова средина?
  • Зошто постојат казнени одредби во законите или навистина тие се само за поединци?

Авторот на овој текст разочарано ќе каже: “Живеењето во утопија е живеење во безизлез!“

Текстот и фотографиите се превземени од  interior.mk