5-ти Јуни Светски ден на животната средина

Не можеме да престанеме да дишеме, но можеме да направиме нешто за квалитетот на воздухот што го дишеме

Свесни дека заштитата и унапредувањето на животната средина е главното прашање кое влијае на благосостојбата на луѓето и економскиот развој ширум светот, од страна на Обединетите нации 5 јуни беше одреден за Светски ден на животната средина. Одбележувањето на овој ден ни дава можност да се прошират основите за одговорно однесување на поединци, претпријатија и заедници во зачувувањето и подобрувањето на животната средина. Откако започна во 1974 година, таа станала глобална платформа за јавна комуникација која одбележува во цел свет.

Светскиот ден на животната средина е најголемиот годишен настан за позитивно еколошко делување и се одржува на секои 5 јуни.

Темата за Светскиот ден на животната средина 2018 година, на која беше домаќин Индија, беше “Победиго пластичното загадување”, што беше повик за акција за сите нас да се здружиме за борба против еден од големите еколошки предизвици на нашето време. Темата беше покана за сите да размислат како можеме да направиме промени во нашиот секојдневен живот за да го намалиме тешкото оптоварување од пластичното загадување на нашата природа, на нашиот див свет и нашето сопствено здравје.

Домаќин на Светскиот ден на животната средина за 2019 година ќе биде Кина, со темата “Загадување на воздухот”  и со порака дека “Не можеме да престанеме да дишеме, но можеме да направиме нешто за квалитетот на воздухот што го дишеме”.

Околу 7 милиони луѓе ширум светот умираат прерано секоја година од загадувањето на воздухот, а околу 4 милиони од овие смртни случаи се на просторот на  Азија и Пацификот. Светскиот ден на животната средина 2019 година ќе ги повика владите, индустријата, заедниците и поединците да се соберат за да ја истражат обновливата енергија и зелените технологии и да го подобрат квалитетот на воздухот во градовите и регионите ширум светот.

Некоку факти за загадувањето на воздухот:

92 проценти од луѓето ширум светот не дишат чист воздух.

Загадувањето на воздухот ја чини глобалната економија 5 трилиони долари секоја година во трошоците за социјална помош.

Се очекува дека загадувањето на озонската обвивка од почвата ќе ги намали приносите на главните култури за 26% до 2030 година

извор: https://www.greeningtheblue.org/event/world-environment-day