5-ти Јуни Светски ден на екологијата!

На, ЕД Опстанок и Движење на екологистите на Македонија – ДЕМ

Кога сакаме да говориме за еколошкото движење, развојот на еколошката мисла, како и поставувањето на темелите за развојот на еколошката идеја во Република Македонија, несомнено тоа можеме да го најдеме во основањето и функционирањето на Еколошкото друштво Опстанок од Скопје и Движењето на екологистите на Македонија-ДЕМ.
Затоа овој 5-ти јуни 2018 година, нека биде за Опстанок и ДЕМ.
Активностите на Опстанок и ДЕМ придонесоа за: Донесувањето на првиот Закон за заштита и унапредување на животната средина и природата во Република Македонија. Се донесе и првиот Националниот Еколошки Акционен План-НЕАП. По него следа и Локалните Еколошки Акциони Планови-ЛЕАП-и.
Во битката притив најголемете загадувачи, но и со подршка на оние кои се залагаат за заштита на животната средина, ДЕМ на годишно ниво доделуваше Гнило Јаболко и Зелено Јаболко.

Активности имаше и за институционално зајакнување на државата, па иницијативите и заложбите придонесоа за прв пат да се формира Министерство за животна средина, Фонд за животна средина, Еколошки прес центар. Почетоците на одржливиот развој во Македонија се токму на иницијатива на ДЕМ, кога за прв пат во Македонија и на македонски јазик се појави и книга –прирачник за одржливиот развој – Кон воздржана Европа. Излегуваа и поголем број на списанија, како Ревија Екологија, Еко Визија, Огледало и др.
Одржани се многу научни конференции, кои придонесоа за решавање и на поголеми жешки еколошки точки. Се организираа акции, протести, еко-кампови, се развиваше и меѓународната соработка.
Дел од тие активности влијаеа да се подржат и проектите кои се реализираа за да се спаси Дојранското Езеро, да се реши проблемот соТопилницата од Велес, да се затвори дивата депонија Вардариште крај Скопје, како и решавањето на уште многу други еколошки жаришта.
Затоа овој 5-ти Јуни нека биде за Еколошкото друштво Опстанок од Скопје и Движењето на Екологистите на Македонија-ДЕМ, и за сите оние кои дадоа дел од себе и со својот ангажман се вградија во темелот за развојот на еколошката идеја во Македонија!

Честит 5-ти Јуни, Светски ден на екологијата!

Марјан Додовски