5 Едноставни начини за намалување на отпадот од храна

Дека отпадот од храна е сериозен проблем на денешницава  сведочи податокот – Една третина од вкупно произведената храна завршува како отпад.

Најголемиот дел од светската популација не доволно ја сваќа сериозноста на проблемот, па затоа би требало малку повеќе да се информираме и во таа насока да се активираме и превземеме нешто.

Во продолжение неколку едноставни совети и лесни чекори, кои секој од нас може и треба да ги практикува:

 

1.Започни оброк планирање!

 

Планирајте ги оброците однапред и направете детален список на состојки што ви се потребни. Придржувајте се до планот за да избегнете купување премногу храна. На ваков начин ќе заштедите и време поминато во продавница и секако пари. Доколку  купувате  само она што  очекувате да го користите, ќе биде поголема веројатноста да го задржите свежо и да го искористите сето тоа. Исто така, не заборавајте да ги проверите домашните резерви пред да заминете во продавница за храна или на пазарот  за да избегнете купувате работи што веќе ги имате на располагање.

 

2.Складирајте и подгответе  правилно!

Често се случува  да се купат овошје, зеленчук и други расипливи продукти, а потоа да се заборави на  нив. Но, доколку правилно  се складира и подготвува, може значително да се  намали отпадот од храна. Откако ќе се вратите дома од пазарот, одвојте време да ја измиете и складирате свежата храна во специјални кутии и контејнери за таква намена. Она што се планира да се подготви во следните два до три дена би можело да остане во фрижидерот, останатото треба да се замрзне.

 

  1. Не фрлајте ги остатоците!

Доколку зготвите повеќе храна или не ја конзумирате поради непланирано излегување, зачувајте ги остатоците за да би можеле да уживатево нив подоцна. Инвестирајте во квалитетни садови и контејнери за чување храна. Користете  систем за обележување кој ќе ви помогне да следите колку долго остатоците биле во вашиот фрижидер. Речиси половина од ресторанска храна е фрлена во ѓубре наместо дас е складира во кутија и да се однесена дома. Научи да ги сакаш остатоците за да го минимизираш отпадокот од храна.

 

4.Јадете од чинија со стандардна големина!

Остатоците од храна во рестораните воглавном се случуваат затоа што големината на оброкот скоро секогаш е поголема од доволно, но, во домашна атмосвера може и тоа како да влијаеме на изборот. Користете помали чинии кога подготвувате храна дома, а остатоците секогаш имаме можност да ги зачуваме за подоцна. Доколку забележите дека често се случува да зготвите повеќе храна од тоа што во моментот ни е потребна, намалете ги количините на состојките во рецептите.

 

  1. Датата на истекување не секогаш е одлучувачка!

Датата на истекување е пресудна  тони храна секоја година да завршуваат како отпад. Не секогаш тоа што е со поминат рок е и навистина расипано и неупотребливо. Тука треба особено да се внимава на храната за бебења и секако храна која важи за лесно расиплива и непрепорачлива за користење по истекот на овие рокови. Но, многу често поминат рок и не значи неупотребливо. Препуштете се на довербата на  вашите сетила за мирис, вид и вкус, освен ако храната е очигледно расипана. Во тој случај се работи за отпад и задолжително фрлете ја.