40 М2 ОТПАД – НОВОГОДИШНО ПАКЕТЧЕ

Од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје информираа дека по организираниот пречек на Новата Година на скопскоиот плоштад, за време на ноќната и утринската смена, собрале и транспортирлеа речиси 40 кубни метри најразличен отпад од новогодишната населба „Winterland“, градскиот плоштад, улицата „Македонија“ и Старата скопска чаршија.
Информација со податок која, по кој знае кој пат потврдува многу костатаци но и отвора многу прашања.
Исклучително ниско ниво на култура на живеење (Сличен пример имавме и на пред новогодишен концерт одржан во Спортскиот центар Борис Трајковски)?
Еколошката свест во вакви услови и состојби, неможе да биде ниту предмет за разговор.
Дали е потребно Градот Скопје и ЈП Комунална Хигиена да го променат пристапот кон манифестации на кои се присутни голем број на посетители.
За одбраните локации за ваков вид на настан во друга прилика.