Езерото Ван е најголемото езеро во Турција , но тоа не е единственото по што ова езеро е препознатливо. Археолозите на Универзитетот Van Yüzüncü Yil  и нуркачки тим неодамна откриле подводна тврдина во него. Најверојатно овој замок е изграден пред околу 3000 години од античкиот народ Урарту.

Тимот го истражувал езерото врз основа на локални гласини за антички урнатини, иако други археолози запознаени со областа, укажувале дека најверојатно нема да пронајдат многу. Но, гласините се покажаа како точни. Водачот на нуркачкиот тим Tahsin Ceylan за турската служба на новинари на Andalou Agency, изјави  дека археолошкиот локалитет е околу еден километар. Тврдите ѕидови што можат да ги видат се со големина од 3 до 4 метри.

Некои од остатоците се лабави купови камења, други се мазни ѕидови, според National Geographic. Според визуелните проценки  на тимот подводниот замок е стар околу 3.000 години. Најверојатно бил изграден кога нивото на водата на езерото било стотици метри пониско.

Царството Урарту  кое постоело меѓу деветтиот и шестиот век п.н.е., било токму лоцирано околу езерото Ван, според метрополитен Музеј на уметностите.

И археолозите и нуркачите планираат да се вратат во езерото и да откријат повеќе за неодамна пронајдената потонатиот тврдина. Тие се уште не се сигурни колку длабоко ѕидовите се закопани на дното од езерото, но  се надеваат дека покрај тоа, ќе откријат повеќе за луѓето кои живееле во замокот.