Оваа година, 22 март- Светскиот ден на водата се бележи во услови на глобална пандемија предизвикана од корона-вирусот, КОВИД 19. Овој ден, кој започна да се одбележува од 1993 година, доаѓа во тешко време за заедниците низ целиот свет. Светскиот ден на водата и почетокот на третата година во рамките на Декадата на акцијата за вода,  го бележи времето на историскиот предизвик за спасување на човечки животи во битка со пандемијата од корона-вирусот. По тој повод Обединетите Нации укажуваат на важноста на забавување на ширењето на КОВИД-19 и потенцираат дека водата е клучна во борбата против оваа пандемија.

Експертите и меѓународните организации промовираат редовна употреба на вода и сапун и средства за дезинфекција на база на алкохол, како најдобра заштита од корона-вирусот, како и од други инфекции.

Овогодинешниот официјален слоган на кампањата за Светскиот ден на водата е “Вода и климатските промени”, а движењата за животна средина се обидуваат да ги натераат владите да дејствуваат со јасен фокус за чиста вода.

“Секоја капка се брои”, е слоганот кој ја прати овогодинешната кампања, а лидерите на иницијативата имаат едноставна порака за сите – “Штедете вода”.

Секој поединец може постепено да го менува својот животен стил и со тоа да даде личен придонес во заштитата на водата. Земјоделците можат рационално да ги прилагодуваат своите системи за наводнување. Сите можеме да ги миеме садовите поефикасно. Дури и поправката на тоалетите или славините од каде што протекува вода прави голема разлика на ниво на лице или домаќинство. Со други зборови, секоја капка се брои.

Што може да направи секој од нас:

  • Исклучете ја водата при бричење и четкање на забите;

  • Инсталирајте туш за ограничување на протокот на водата;

  • Усогласете го наводнувањето на тревникот или градината со временските услови;

  • Набавете резервоар за дождовница;

  • Најдете намена за водата што ви останува во шишињата за пиење и од готвењето;

  • Набавете продолжеток на цревото, како би го зголемиле притисокот и да ги намалите трошоците при миењето;

  • Барајте од локалните власти да инвестираат во канализациските системи и управување со отпадните води;

Пред точно две години, беше започната Меѓународната декада за акција за вода за одржлив развој, а шефот на ООН, Генералниот Секретар Антонио Гутереш предупредува на сериозни последици и меѓу другото истакнува:

„Глобалното затоплување и неодржливото користење на водите ќе предизвикаат невидена трка за водните ресурси, што доведува до раселување на милиони луѓе. Тоа ќе има негативно влијание врз здравјето и продуктивноста и повеќекратно ќе ги зголеми ризиците од нестабилност и конфликт “, рече генералниот секретар. Тој предупреди дека до 2050 година меѓу 3,5 и 4,4 милијарди луѓе би можеле да живеат со ограничен пристап до вода, а повеќе од една милијарда би биле во градовите.

Генералниот секретар на ООН предупредува дека глобалното затоплување и неодржливата употреба на водата ќе го зголемат ризикот од конфликт и со текот на времето веројатно ќе доведат до раселување на милиони луѓе.

Гутереш ги повика засегнатите страни да ги зголемат инвестициите во здрави сливови и водна инфраструктура и да делуваат на полето на климата.

Извор: https://balkangreenenergynews.com/rs/bezbedna-voda-je-presudna-u-borbi-protiv-korona-virusa-porucuje-un-povodom-svetskog-dana-voda/?fbclid=IwAR0Y0Hw_AtWUksICpN-H3UEYGkgOKvSppj-MdpjHpvOWLQop3wSQEEvlsG4