Денот на Земјата 2020 година ќе биде далеку повеќе од еден ден.

Огромните предизвици, но и огромните можности за дејствување во врска со климатските промени, ова прашање го истакнаа како најгорлива тема на 50-годишнината од одбележувањето на Светскиот ден на Планетата Земја.

Климатските промени претставуваат најголем предизвик за иднината на човештвото. На крајот на 2020 година, од државите се очекува да ги зголемат своите национални обврски кон Парискиот договор за климатски промени од 2015 година. Сега е време граѓаните да повикаат на поголема глобална амбиција за решавање на кризата со климатските промени. Потребно е секоја земја во светот да наметне “итна амбиција”  и со засилени активности да се бори против климатските промени, за да не се остави состојба на  опасна иднина за сегашните и идните генерации.

Ова мора да биде историски момент кога граѓаните на светот ќе се кренат  во обединет повик за креативност, иновации, амбиција и храброст со што треба да ја исполниме нашата заложба за решителна битка против климатските промени и  да ги искористиме огромните можности за да имаме “ иднина со нула- јаглерод”.

Извор: https://www.earthday.org/earth-day-2020/