21 мартМеѓународен ден на шумите!

Позелени градови, поздрави и посреќни места за живеење!

Меѓународниот ден на шумите се одбележува на 21 март од 2012 година, кога Генералното Собрание на Обединетите Нации објави дека со прославувањето на овој ден има за цел да ја подигне свеста за важноста на сите видови на дрвја и шуми.

Темата на меѓународниот ден на шумите за 2018 година беше “Шуми и одржливи градови”, така што и оваа година фокусот ќе биде во подршка на активности градовите да стануваат позелени, поздрави и посреќни места за живеење.

Како клучните пораки за 2019 година се издвојуваат придобивките од шумите и одржливите градови:

  • Улогата на дрвјата во ублажувањето на влијанието на климатските промени.

  • Позитивните ефекти на дрвјата врз локалната клима.

  • Урбаните дрвја како воздушни филтри, отстранување на загадувачите и за создавање на поздрави градови.

  • Улогата на дрвјата во намалување на загадувањето на бучавата во урбаните средини.

  • Позитивното влијание на урбаните зелени површини.

  • Шумите во и околу урбаните области кои придонесуваат за регулирање и филтрирање на водата.

  • Како урбаните шуми придонесуваат за локалните економии преку градско разубавување и туризам.

  • Обезбедување обновлива енергија.

Многу земји овој ден ќе го одбележат со организирање на активности како што се кампањи за садење дрвја.

Листата на настани може да се најдат на www.fao.org/international-day-of-forests.

Исто така сите можете да се вклучите и преку социјалните медиуми со користење на hashtag # intlForestDay.