15-ТИ ЈУНИ – СВЕТСКИ ДЕН НА ВЕТРОТ

Светски  ден на ветрот е  настан кој се одбележува на годишно ниво на 15 јуни. Тоа е ден кога се прославува ветерната енергија, се разменуваат информации и возрасните и децата дознаваат за енергијата на ветрот, за нејзината моќ,  како и можностите што ги нуди за промената на светот.

Во соработка со Европската асоцијација за енергија  на ветрот (EWEA) и Глобалниот совет за ветерна енергија (GWEC), националните здруженија за ветерна енергија и компании вклучени во производство на ветерна енергија организираат настани во многу земји низ целиот свет.

Повеќе од 80 земји  користат енергија, генерирана од чист и обновлив извор. Илјадници лица се вклучени во производството на енергија од ветрот, но за многу луѓе истата и  понатаму останува мистерија. Глобалниот ден на ветрот, е денот кога можете да посетите фарми со ветерници, да запознавате експерти, да присуствувате на организирани настани и да откриете многу повеќе на оваа тема. На овој ден, како и неделите пред и потоа, се поставуваат демонстративни турбини во градовите, се организираат различни работилници и паради на ветер, се со цел да се зголеми свеста и да се информира широката јавност.

Моќта на ветрот, како алтернатива за фосилните горива е значајна, пред се поради фактот што е обновлива и не произведува емисија на штетни гасови.