15-те НАЈУБАВИ ПАРКОВИ ВО СВЕТОТ

Парковите – идеален избор, без разлика дали станува збор за секојдневна прошетка со семејството и пријателите или пронаоѓање излез од урбаната, раздвижена градска средина.  Колку поубав парк, толку поубав град, директна слика на она што градот може да го понуди.

 Во продолжение Ви ги претставуваме 15-те најубави паркови во светот.

  1. Melbourne’s famous Royal Botanic Gardens

Познатиот парк во Мелбурн – Royal Botanic Gardens, кој се протега на површина од околу 100 хектари е дом на разновидна флора и фауна како од Австралија, така и на ретки, егзотични видови од целиот свет, вклучувајќи го и црниот лебед.

14. Villa Doria Pamphili Park, Rome

Villa Doria Pamphili Park е најпознатиот јавен парк во Рим, со извонредна архитектура, потсетник на богатата римска историја. Паркот изобилува со воодушевувачки градини, пространи патеки, како  и многубројни статуи и вази, кои сигурно ќе ве остават без здив.

13. The inner-city Brazilian Park, Sao Paulo

Внатрешниот бразилски парк во Сао Паоло, изграден во 1954 година, честопати споредуван со Central Park во Њујорк, е најпопуларниот избор за многубројни активности и настани под отворено небо. Покрај богатството од најразлична вегетација и повеќе езера, паркот поседува и музеј на отворено.

  1. Forest Park (St. Louis), Missouri

Шумскиот парк лоциран во Сент Луис, Мисури, распослан на површина од 1371 хектар, покрај рекреативен е и главен културен центар на градот. Овој парк ги вклучува: музејот на уметноста и историјата, научен центар, како и зоолошка градина во која се среќаваат ретки и интересни животни, а воедно паркот може да се пофали и со патеки за трчање и низа други атракции.

  1. Luxembourg Gardens, Paris

Луксембуршката градина во Париз – идеално место за релаксација во градот на љубовта. Латинскиот кварт на градот е дом на овој прекрасен парк, кој плени со своите цветници, оранжерии, овоштарници и градини.

  1. Stanley Park, Canada

Најголемиот парк во Канада, кој се протега на површина од околу 1000 акри, редовно посетуван како од локалното население, така и од многубројни туристи, нуди одлични можности за забава и рекреација, почнувајќи од патеки за пешачење и возење ролери, па се до уживање  во кино и театар под отворено небо.

Central Park, New York

Оваа листа на парковите, не би била тоа што е, доколку не го споменеме, еден од најпознатите паркови во светот – Централен Парк во Њујорк. Многу нешто може да се види и доживее во овој парк. Покрај зеленилото, посебна магија на паркот му даваат  уличните изедувачи и продавачи, лизгалиште на мраз во зимскиот период, како и  Strawberry Fields, во чест на Џон Ленон.

  1. Balboa Park, Southern California

Balboa Park, во Јужна Калифорнија, прави да се чувствувате како да се наоѓате во поинаков свет. Тука ќе ги пронајдете: зоолошката градина на Сан Диего, градината на розите, прекрасните фонтани, повеќе центри за изведувачки уметности и сината црква, чија камбанарија отѕвонува секој час.

  1. Hibiya Park, Tokyo

Токио е дом на еден од најубавите паркови во Јапонија и светот. Паркот го нуди задоволството на ужување во миризбата на разноводни цветови и цреши, а го задоволува вкусот и на љубителите на жива музика и театар.

  1. Barcelona’s Parl Güell, Barcelona

Barcelona’s Parl Güell, дизајниран од Антони Гауди – еден од најуникатните паркови во светот. Се наоѓа на Кармил Хил, со две големи згради кои го означуваат влезот на паркот. Исполнет со прекрасни градини и Art Nouveau architecture.

5. Griffith Park, Los Angeles

Грифит Парк во еден од најурбаните градови во светот Лос Анѓелес, е најголемиот парк во земјата, кој се протега на неверојатни 4300 хектари. Паркот ги вклучува: зоолошката градина на Лос Анѓелес и опсерваторијата Грифитс.

  1. Royal National City Park, Stockholm

Кралскиот Национален Градски Парк во Стокхолм опфаќа површина од 27 километри квадратни и се истакнува по својот богат и разновиден див, шумски свет, исполнет со  многу елени, зајаци и редок вид на птици. Поради извонредните можности што ги нуди често е користен од страна на различни здруженија: извидници, спортски групи, набљудувачи на птици и како и други љубители на природата.

  1. Lumphini Park, Bangkok

Бангкок не е првенствено познат по своите паркови, но, Лумфини парк иако мал, сепак  е неверојатно важен за локалното население, бидејќи нуди ретко бегство од главниот град на Тајланд. Неверојатен урбан парк, кој вклучува: мирни езера, патеки за трчање, стотици дрвја, раскошно зеленило и многу повеќе.

  1. Golden Gate Park, San Francisco

Паркот ” Golden Gate “, дом на десет езера, на површина од повеќе од 1.000 хектари – едно од најпопуларните места за посета во Сан Франциско. Во текот на целата година има многу што да се види: низа активности што се случуваат во езерата, водопади, изнајмување на педалинки и интригантни прикази за дивиот свет. Подготвен посетител е оној кој доаѓа со камера в рака – спремен да понесе слика на еден од многуте скапоцени моменти на животот.

1. Hyde Park, London

Лондон не би бил тоа што е доколку го нема грандиозниот Хајд Парк. Извонредно место каде секој би можел да си го пронајде својот мир. Прекрасно езеро исполнето со патки, раскошна и бујна вегетација, разиграни верверички, рамни тревнати површини, кои чиниш немаат крај, се само дел од убавините што воодушевуваат и мамат да се вратите повторно.