15 Географски факти за Република Македонија

0
563
  1. Република Македонија со својата површина од 25.713 km2, се наоѓа во централниот дел на Балканскиот Полуостров, помеѓу 40° 51’ 16’’ и 42°22’21’’ северна географска широчина и 20°27’32’’ и 23°02’12’’ источна географска должина.
  2. На север со гранична линија од 232 km се граничи со Република Србија и делот кон Косово. На исток должината на границата кон Република Бугарија изнесува 165 km, со Република Грција 262 km на југ и со Република Албанија – 191 km на запад.
  3. Македонија е претежно планинска земја, односно, околу 80% од територијата на Република Македонија се планински подрачја со 45 врвови над 2000 m.н.в.
  4. Највисок планински врв е Голем Кораб со височина од 2753 m.Голем Кораб
  5. Рамничарскиот дел го сочинува околу 18 % од територијата, во која се наоѓаат 15 котлини, од кои најголем дел се лоцирани по долината на реката Вардар.
  6. Најголема котлина е Пелагонија чие рамниште зафаќа 1570 km2.
  7. Најниската точка во Република Македонија е на 44 m.н.в. и е лоцирана на просторот каде реката Вардар излегува од територијата на Република Македонија.
  8. Околу 2% од земјата е водна површина и тоа 35 големи и мали реки, три природни езера настанати по тектонски пат (Охридско, Преспанско и Дојранско езеро), околу 50 глацијални езера и голем број на вештачки езера.Охридско езеро
  9. Разновидноста на релјефот и специфичната географска положба овозможуваат на територијата на Република Македонија да се дефинираат неколку климатски типови и тоа: умерено – континентална клима, планинска и изменето медитеранска клима.
  10. Територијата на Република Македонија се карактеризира со остри зими и долги и жешки лета со многу сончеви денови во текот на годината.
  11. Република Македонија се карактеризира со извонредно богатство на природни и создадени еко – системи кои се оформени во повеќе екосистемски комплекси, односно целини.
  12. Вкупната заштитена површина на територијата на Република Македонија изнесува 182.965 ha или 7,11 %, и тоа: 730 ha – строги природни резервати (СПР Езерани, на Преспанското езеро со 2.080 ha и СПР Тиквеш, во клисурата на Црна Река со 10.650 ha), 388 ha -национални паркови (НП Пелистер со 12.500 ha, НП Галичица со 22.750 ha и НП Маврово 73.088 ha), 850 ha – споменици на природата (Пештера Крушје, Слатинска Пештера, Охридско езеро, Калница, Превалец, Демир Капија, Манастир, Пештера Млечник, Трубарево, Карши Бавчи, Маркови Кули, Пештера Убавица, Дојранско езеро, Острово, Дувало, Караслари, Кале, Бањичко, Колешински водопад, Звегор, Конопиште, Мурите, Коњска Река, Скопска тврдина, Преспанско езеро, Вевчански извори, Мокрино, Мокриево, Катлановски предел, Кањон Матка и други).

Национален парк Галичица

Вевчанско езеро

13. Просторот на Република Македонија изобилува со богатство од растителни видови (319 видови дрвја, со повеќе од 80 подвидови и вариетети), голем број видови лековити и ароматични растенија, шумски плодови, семиња, печурки и друго, а евидентирано е и присуството на 116 ендемични видови и голем број реликтни видови.

Бел бор

14. Големото богатство на животински видови по целата територија на Република Македонија е претставено со 78 видови цицачи, 330 видови птици и 55 видови риби, а се претпоставува дека се присутни 31 вид влекачи и 13 видови водоземци.

15. Во Република Македонија со закон се прогласени 127 видови дивеч (24 вида цицачи и 103 вида птици) и тоа под трајна заштита се79 вида (9 вида цицачи и 70 птици), 31 вид е заштитен со ловостој (6 вида цицачи и 25 птици). Уште само 17 вида се без законска заштита (9 вида цицачи и 8 птици).