11-ти Декември – Меѓународен ден на планините

Денес, 11- ти декември, светот го одбележува Меѓународниот ден на планините.

Речиси една милијарда луѓе живеат во планинските области, а над половина од човечката популација е зависна од планините за неопходните суровини како, вода, храна и чиста енергија. Сепак,  климатските промени, деградацијата на земјиштето, експлоатацијата и природните катастрофи, со потенцијално далекусежни и катастрофални последици ги ставаат под закана не само  планинските заедници, туку и  остатокот од светот.

Додека глобалната клима продолжува да се загрева, планинските глечери се топат со невидена спапка, ставајќи го под знак прашање снабдувањето со слатководни води милионското население.

Климатските промени ја зголемуваат ранливоста на планинските групи и ја поттикнуваат миграцијата од планинските области.

Колкаво е значењето на планините говорат следниве факти:

– Планините покриваат 22 % од вкупната површина на земјата.

– Планините обезбедуваат 60-80 % од слатководните води во светот – без кои одржливиот развој, кој има за цел да ја елиминира сиромаштијата и гладот е невозможен.

– Планините имаат 25 % од копнената биолошка разновидност и 28 % од шумите во земјата.

– Шест од вкупно дваесет  култури за храна потекнуваат од планините (компири, пченка, јачмен, јаболка, домати, киноа).

– Планините привлекуваат 15-20 % од глобалниот туризам.

Затоа, имајќи ја предвид клучната улога што ја играат во обезбедувањето на  неопходните стоки и услуги на планетата, како и нивната ранливост во услови на климатски промени, се јавува нужна потреба од засилено и зголемено внимание на планините.

За тема на овогодинешниот Меѓународен ден на планините 2018 е избрана “MountainsMatter” (Планините и нивното значење).

Меѓународниот ден на Планина 2018 година е повод за создавање на големо општествено движење и активирање на политичарите. Преку глобална кампања, стратегија за социјални медиуми и настани низ светот, ФАО планира да му каже на светот дека сегашното занемарување на планините и планинските народи мора да престане.