ReTrash проектот на Nathan Davine е еден од оние проекти со идеја за претворање на отпадот во богатство; тој има изградено барака од стари палети и мини плантажа од стар прозорец (види подолу).

На интернет порталот ReTrash кој е формиран за проектот, објавена е книга со исто име, која ги вклучува проектите на Dаvine како и на 82 дизајнери и уметници од 20 земји низ светот кои го гледаат отпадот како „гориво“ за креативност.

ReTrash има за цел да ги инспирира и да ги поттикне луѓето да размислат за тоа како можеме повторно да го искористиме отпадот на креативни и иновативни начини. Станува збор за тригодишна соработка, за чие време ReTrash доби стотици книги од луѓето насекаде во светот.

Фотелја од книги

Со електронските книги, книгите во хартиена форма често завршуваат во отпад. Но, со интересни бои и модели, и одлични стари корици и фонтови, тие можат да бидат искористени за создавање на уметнички дела, вклучувајќи ја и оваа фотелја на дизајнерот Алваро Тамарит.

Мини плантажа од стар прозорец

Еден од проектите на Nathan Davine е мини плантажата од стар прозорец. Прозорецот се користи за садниците во пролет (кога е затворен), кој исто така може да биде отворен кога растението ќе порасне.

Стол од рециклирани пластични шишиња

Овој стол со необичен дизајн е дело на дизајнерот Dirk Vander Kooij и е изработен од рециклирани пластични шишиња.

Ташна од картон

Оваа мини ташна со големина на несесер е направена од картон и истата може да биде искористена за чување на козметика како несесер, но и како ташна за различни пригоди.

Свеќници од шишиња

Овие прекрасни свеќници од Луција Бруно се направени од шишиња и создаваат доволно светлина – без користење на дополнителни ресурси.

Држач за моливи

Овој држач за моливи од Ruti Ben Dror (кој исто така може да се користи и за накит или други мали предмети) е направен од рециклирана хартија и картон.

Лустер од стар индустриски материјал

Оваа прекрасна, минималистичка светлосна опрема од Роџер Томас е направена од стар индустриски материјал кој завршил во отпад.

Накит од рециклирана хартија и делови од електрични апарати

Tanith Rohe прави накит како што е оваа неверојатна белезица од рециклирана хартија и електроника, што ја прави уникатна и впечатлива.

Слики од рециклиран картон

Прецизните уметнички дела на Марк Лаган, од кои некои се базираат на познати слики и скулптури, се направени од рециклиран картон.

Полица од книги

Уште еден креативен начин како старите книги да ги искористите, но овој пат во вид на полица.